„Би можел да се заблагодарам, да ги подигнам нозете, да си купам брод и заминам на Карибите, но тоа не ме интересира. Сакам опасност. И можам да работам бидејќи сум во форма и имам одлична мотивација. Кога нема да можам, ќе го закачам шеширот“ изјави Ремзи во интервју за Men’s Health.
Се разбира, да се биде во форма не е лесно. Освен што е физички активен, Ремзи внимава и што јаде. Неговото дневно мени се состои од неколку помали оброци.
Наутро пие протеински шејк, за ручек јаде пржени јајца, а за вечера пилешко или риба.
„Никогаш не јадам голем оброк. После тоа сум летаргичен“, објасни тој.
Познатиот готвач исто така истакна дека тренинзите го опуштаат.