Гордана Вренцоска доби награда за графички дизајн во Италија

Ликовната уметница Гордана Вренцоска ја доби меѓународната Iron A’ Design Award во категоријата графички дизајн за каталогот за изложбата „Фемина vs. Фемининологија“ на Друштвото ан ликовните уметници на Македонија за периодот 2023-2024. Наградите за добитниците во сите категории ќе им бидат врачени на церемонија на 18 јули во Комо, Италија.

– Овој дизајн проект го работев со голема посветеност и задоволство, особено затоа што е во сферата на уметноста, каде слободата на изразување на дизајнерот е целосна и непречена.

Крајната цел на организаторите на натпреварот е да креираат глобална свесност и почит за добриот дизајн со вклучување и промовирање на добриот дизајн низ целиот свет – вели Вренцоска.

Уметниците Маја Кировска и Никола Ефтимов ја добија наградата во категориите Дизајн во убави уметносту и арт инсталација и Дигитална уметност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни