Горан Кан изненадува со нова страна на својата креативност преку амбиенталниот и неокласичен албум „We Are“.
Овој албум е резултат на неговата музичка еволуција и претставува целосен контраст на репутацијата што ја има стекнато во клубскиот живот, во доменот на техно музиката.
Албумот е објавен на 4 ноември, и е достапен е на сите познати стриминг платформи и можете да го слушнете ОВДЕ
Мастер изданието е работено во студиото на хрватскиот продуцент и ДЏ Петар Дундов, а дизајнот на дигиталниот омот е на Тиа. Горан Керкез, подобро познат како Кан, е роден во Белград, но својата музичка кариера ја започнува и гради во Скопје во крајот на 1990-те години како диџеј и продуцент.
Кан е најпознат по својата работа во хаус и техно жанровите. Неговата прва резиденција во клубот „Havana“ во 2001 година му отвори врати за настапи на значајни настани и фестивали, вклучувајќи го EXIT Festival и интернационални клубови како Tresor во Берлин.
Во текот на својата кариера, Кан издаде музика и ремикси за реномирани издавачки куќи како Soma, SAF и Impact Mechanics, а основа и своја издавачка куќа, Kerkez Music.
Неговите значајни албуми вклучуваат „Boi“ (2012), „The Tale“ (2015), „Od 1 do 9“ (2019) и новиот „We Are“ (2024).Од 2016 година, Горан се насочи кон дизајн на звук и компонирање музика за филмови, има работено на повеќе од 40 проекти, вклучувајќи документарни и играни филмови – а со повеќе од две децении искуство на локалната клубска сцена, Кан е вистински ветеран на електронската музика во регионот.