Како причина се наведува неговата наводна поддршка на руската агресија врз Украина и неговите настапи на Крим по руската окупација во 2014 година. Според VDD, Бреговиќ во јавноста изразувал ставови што ги дискредитираат западните земји и ја поддржуваат Русија.
Покрај него, на црната листа е ставена и руско-литванската пејачка Кристина Орбакајте, која исто така настапувала на окупираниот Крим и учествувала во руски пропагандни настани. Двајцата требало да настапат во Летонија ова лето, но концертите најверојатно ќе бидат откажани.
Министерството апелира до организаторите да внимаваат кого покануваат, бидејќи учеството на уметници што настапуваат во Русија или на нејзините окупирани територии ќе се смета за поддршка на воената агресија. Менаџерот на Бреговиќ кусо изјави: „Сѐ е можно, настапуваме насекаде, па и на Крим.“