Горан Бреговиќ ставен на црната листа: Забранет влез во Летонија

Познатиот музичар Горан Бреговиќ доби забрана за влез во Летонија, откако беше ставен на таканаречената црна листа по барање на Службата за национална безбедност на таа земја.

Како што објави летонскиот портал LSM+, одлуката ја донел министерот за внатрешни работи на Летонија, Рихардс Козловскис.

„Основната порака е дека станува збор за поддршка на агресијата врз Украина и учество на јавни настани на окупираните територии. Ние, како Летонија, ја поддржуваме Украина и таа поддршка ќе продолжи. Во овој случај, вакво присуство е целосно неприфатливо“, изјави министерот.

Според безбедносните служби, Бреговиќ од 2014 година повеќепати настапувал на Крим, а министерството и службите упатиле апел до организаторите во Летонија внимателно да ги проценуваат уметниците што ги ангажираат.

„Присуството на луѓе кои ја поддржуваат руската агресија не е во интерес на безбедноста на нашата држава, бидејќи може да предизвика меѓуетнички тензии во летонското општество“, се наведува во соопштението на Службата за национална безбедност.

Минатата година, црната листа на Летонија била проширена со 480 странци, во согласност со препораките на безбедносните органи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни