Горан Бреговиќ прогласен за непожелна личност во Летонија

Летонските власти му забранија влез на познатиот музичар Горан Бреговиќ, кој беше ставен на листата на непожелни личности по препорака на Службата за државна безбедност (VDD). Ова го потврди министерот за внатрешни работи на Летонија, Рихардс Козловскис.
Фото: Thesupermat, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Како причина се наведува неговата наводна поддршка на руската агресија врз Украина и неговите настапи на Крим по руската окупација во 2014 година. Според VDD, Бреговиќ во јавноста изразувал ставови што ги дискредитираат западните земји и ја поддржуваат Русија.

Покрај него, на црната листа е ставена и руско-литванската пејачка Кристина Орбакајте, која исто така настапувала на окупираниот Крим и учествувала во руски пропагандни настани. Двајцата требало да настапат во Летонија ова лето, но концертите најверојатно ќе бидат откажани.

Министерството апелира до организаторите да внимаваат кого покануваат, бидејќи учеството на уметници што настапуваат во Русија или на нејзините окупирани територии ќе се смета за поддршка на воената агресија. Менаџерот на Бреговиќ кусо изјави: „Сѐ е можно, настапуваме насекаде, па и на Крим.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни