Новата надградба овозможува вештачката интелигенција да ги разложи сложените прашања на помали, логични чекори пред да одговори.
Со подетално откривање на својот процес и начин на размислување, Gemini 2.0 обезбедува „посигурни и проникливи одговори“ и го прави својот процес на расудување потранспарентен за корисниците.
Патем, новиот модел на ВИ на Google следи по лансирањето на моделите o3 и o3-mini на OpenAI минатата недела. И покрај тоа што Google заостанува зад конкуренцијата во се пожестоката трка со вештачка интелигенција, интернет гигантот самоуверено тврди дека Gemini 2.0 во моментов е моделот со вештачка интелигенција со најдобри перформанси во светот.
Gemini 2.0 Flash Thinking е достапен за корисниците во верзии за веб и мобилни платформи. Првично претставен во декември 2024 година, моделот е директен одговор на Google на конкурентите како што се чат-ботови со вештачка интелигенција на OpenAI и најновиот кинески модел DeepSeek R1.
Покрај стандардниот модел, Google воведе и експериментална варијанта наречена 2.0 Flash Thinking with Apps. Како што сугерира името, оваа верзија се интегрира со други апликации на Google, како што се YouTube, Google Search и Google Maps, овозможувајќи им на корисниците да комуницираат со повеќе платформи истовремено со помош на вештачка интелигенција.
Овие интеграции им носат на корисниците поперсонализирано искуство при работа со апликациите на Google, правејќи го новиот Gemini уште помоќен и употреблив асистент со вештачка интелигенција за сите секојдневни задачи.
Двете нови верзии на четботот Gemini 2.0 Flash Thinking AI се достапни за корисниците ширум светот уште од првиот ден.