Google неодамна ја ажурираше апликацијата Translate со нови функции базирани на вештачка интелигенција, надминувајќи го класичниот превод на текст. Најважната новина е „Advanced“ режимот кој користи системот Gemini, претворајќи ја апликацијата во чат-бот способен за интеракција со корисниците.
Според извештаи на Android Central и првите искуства на корисниците, новата функција овозможува разговор со апликацијата. Целта е подобро разбирање на контекстот, сленг и неформални изрази, со што Translate се позиционира како флексибилен асистент, а не само алатка за превод.
Сепак, воведувањето на оваа технологија донесе и одредени проблеми. „Advanced“ режимот понекогаш погрешно ги интерпретира упатствата, гледајќи ги како прашања наместо обичен превод. Ова создава забуна и го успорува процесот, принудувајќи ги корисниците да испраќаат дополнителни појаснувања.
Сè додека овие проблеми не се решат, многумина препорачуваат користење на „Classic“ режимот, кој останува фокусиран на стандардниот превод без дополнително „ќаскање“.
Ова ажурирање доаѓа во време на засилена конкуренција. Во јануари, ChatGPT претстави свој сервис за превод со напредни функции, директно предизвикувајќи го Google на полето на кое долго време доминираше. Границата помеѓу апликациите за превод и AI асистентите се повеќе се заматува, известува PCpress.
