Google Translate обезбеди поддршка и превод од и на нови 110 јазици, меѓу кои и ромскиот

Google Translate достапен на ромски и на уште 109 други јазици

Google Translate продолжува да ги руши јазичните бариери и да им помага на луѓето подобро да се разбираат помеѓу себе и да го разбираат светот околу нив. Благодарание на вештачката интелигенција, компанијата соопшти дека Google Translate сега добива можност да преведува на и од нови 110 јазици, меѓу кои и ромскиот.

Новите јазици кои ги додава Google ги зборуваат над 614 милиони луѓе, со што сега се овозможува превод за комуникација со нови 8 отсто од светската популација. Некои од јазиците се големи светски јазици со над 100 милиони жители, додека некои се јазици на мали домородни заедници, додека некои немаат воопшто луѓе кои ги говорат, но постојат напори за нивна ревитализација.

Помеѓу јазиците кои се додадени е и ромскиот јазик, за кој Google вели дека било тешко да се избере вистинската варијанта, бидејќи нема една стандардна форма. Нивниот приод бил да се оди со најкористената варијанта од секој јазик, па затоа јазичниот модел за превод на ромски е најблизок до јужновлашкиот ромски, кој најчесто се користи на интернет, но има елементи и на северновлашки и балкански ромски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни