Што најмногу се пребаруваше на Google во 2025 година

Од глобални настани и избор на нов папа, до филмови, спорт и јавни личности – дигиталните пребарувања ја мапираат годината

Во текот на 2025 година, Google пребарувањата јасно покажаа кои теми, настани и личности го одбележаа глобалниот дигитален простор. Според годишниот преглед на трендови, корисниците најчесто барале информации поврзани со големи политички и општествени настани, спортски натпревари, поп-култура и јавни личности.

На глобално ниво, најголем интерес предизвикал поимот Gemini, кој доминира меѓу најпребаруваните термини во 2025 година. Покрај технолошките и AI-поврзаните теми, значаен раст на пребарувањата е забележан и кај спортските настани, особено кај крикет натпреварите како India vs England и India vs Australia, што уште еднаш ја потврдува огромната популарност на овој спорт на светско ниво.

Големо внимание привлекле и сериозни глобални настани, меѓу кои атентатот врз Чарли Крик кој се најде на првото место на вестите, а неговата смрт беше најбараната на Google, пред Ози Озборн, Халк Хоган и Мишел Трахтенберг. Меѓу темите кои со денови биле меѓу најпребаруваните информации на интернет е и изборот на новиот папа..

Во полето на популарната култура, корисниците интензивно пребарувале содржини поврзани со филмови како „Anora“ и „Superman“, кои го обележаа филмскиот репертоар во 2025 година.

Кога станува збор за спортските личности, најголем број глобални пребарувања бележи боксерот Terence Crawford, што го позиционира како најпребаруван спортист на Google оваа година. Трендовите покажуваат и значителен интерес за други јавни личности, актери, музичари, како и за ТВ-серии, подкасти и спортски тимови.

Годишниот преглед на Google трендовите опфаќа и категории како најпребарувани личности, починати јавни фигури, медиумски содржини и теми што ја обликувале јавната дебата во текот на 2025 година, нудејќи јасна слика за тоа што ја привлекувало вниманието на светската публика во дигиталната ера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни