Google повторно изгуби на суд

Google „намерно спроведувал низа антиконкурентски активности“ кои им наштетиле на издавачите, конкуренцијата и крајните корисници на интернетот.

Американски суд утврди дека компанијата Google незаконски стекнала и одржувала монопол во областа на онлајн огласувањето.

Судската пресуда е резултат на тужба поднесена од Министерството за правда на САД и 17 сојузни држави, кои тврдат дека Google доминирал на пазарот на технологија за поставување интернет огласи.

Ова е вториот антимонополски случај што Google го изгуби во последните 12 месеци – претходно судот пресуди дека компанијата има монопол и во областа на интернет пребарувањето

Google „намерно спроведувал низа антиконкурентски активности“ кои им наштетиле на издавачите, конкуренцијата и крајните корисници на интернетот.

Компанијата изгуби по две точки од обвинението, додека третата точка беше отфрлена.

Од компанијата соопштија дека ќе поднесат жалба.

„Судот пресуди дека нашите алатки за огласувачи и аквизиции како DoubleClick не ѝ наштетуваат на конкуренцијата. Добро е што добивме половина од случајот, но ќе поднесеме жалба за останатиот дел,“ изјави Ли-Ен Малхоланд, директорка за регулаторни прашања во Google.

Google тврди дека тужбата е „преориентирана кон минатото“ и дека не ги зема редвид конкурентите како Amazon.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни