Google Calendar конечно доби темна верзија

Google конечно воведува темен режим на веб верзијата на Google Calendar и воведува „освежен кориснички интерфејс“. Новиот интерфејс ќе вклучува копчиња, дијалог-кутија и странични ленти кои се „помодерни и подостапни“ со подобрени фонтови.

Ажурирањето започна да се објавува оваа недела и наскоро ќе биде достапно за сите, без разлика дали користат личен профил на Gmail или каков било вид платена сметка на Google Workspace.

Откако ќе биде достапен на вашата профил, можете да го вклучите темниот режим со кликнување на иконата за поставки во горниот десен агол на интерфејсот на Google Calendar, којшто прикажува ново паѓачко мени со темната опција достапна под „Изглед“. Корисниците исто така може да се вратат на опцијата за светол профил или да изберат изгледот на календарот да се прилагодува со нивниот уред.

Претходно, за да се овозможи темниот режим за Google Calendar на интернет беа потребни екстензии на прелистувач од трета страна за да се измени неговиот изглед. Google предупредува дека бидејќи ажурирањето е „визуелно освежување“, може да предизвика активните екстензии „да не работат како што се очекуваше“.

Google вели дека ажурираниот кориснички интерфејс на календарот ќе има и „иконографија што е читлива и јасна, со свежо чувство“, користејќи ги неговите „прилагодено дизајнирани и високо читливи фонтови“ што го усогласуваат со стандардите за Material Design 3 на Google. Ажурирањата, вклучително и темниот режим, ќе важат и за „целокупното веб-искуство во календарот“, вклучувајќи го и приказот на списокот со задачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни