Google брише илијадници Gmail профили, како да се осигурате дека вашиот не е еден од нив?

Google уште минатата година најави дека ќе брише илјадници профили на Gmail кои не се користени повеќе од две години.

Ваквиот потег доаѓа во нивното најавено чистење, а ќе бидат бришени само неактивни профили. Google ги брише профилите во кој никој не е логиран во ниту еден од нивните сервиси во последните неколку години.

Корисниците ќе добијат неколку предупредувачки пораки пред профилот да биде целосно избришан.

На социјалните мрежи корисниците уште од јануари споделуваат дека добиле пораки од Google дека нивниот профил ќе биде избришан на 20 септември, доколку не преземат мерки.

Рут Кричели потпретседателка во одделот менаџмент на производи во Google, рече минатата година: „Ако профилот не е користен подолг временски период, поголема е веројатноста да биде компромитиран“.

Таа додаде дека промената е неопходна за да се заштитат корисниците од безбедносни закани како што се спам, фишинг измамами и „киднапирање“ на профили.

Профилите кои биле заборавени или се без надзор имаат многу поголема веројатност да бидат компромитирани бидејќи можеби имаат застарени или повторно користени лозинки и немаат поставено двофакторска автентикација.

„Овие профили често се ранливи и штом профилот е компромитиран, тој може да се користи за се, од кражба на идентитет до медиум за несакана, па дури и злонамерна содржина, како спам“, додаде Кричели.

Како да се осигурате дека вашиот профил нема да биде избришан?

Ако имате само еден профил на Google и го користите редовно, очигледно немате за што да се грижите.

Меѓутоа, ако, на пример, имате повеќе од еден профил на Google и користите некој од нив, на пример, само за складирање фотографии или податоци и не сте пристапиле долго време, тој може да биде изложено на ризик.

За да бидете сигурни дека профилот нема да биде избришан, можете да направите еден од трите едноставни чекори.

  • Прочитајте или испратете е-пошта во Gmail.
  • Споделете фотографија или гледајте видео на YouTube додека сте најавени на соодветната сметка на Google.
  • Користете Google Drive.

Сè додека правите една од тие работи барем еднаш годишно, вашиот профил ќе остане активен.

Исто така, вреди да се извршите проверка на безбедносните поставки во вашиот профил, доколку не сте го сториле тоа неодамна. Ова гарантира дека ги имате потребните безбедносни мерки за да го заштитите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни