„Големото езеро“ во изведба на  Imaginar do Gigante од Португалија на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“

Во четврток на 6 август од 19.00 до 19.45 во склоп на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, ќе биде изведена претствата „Големото езеро“ во изведба на  Imaginar do Gigante од Португалија.

„Публиката ќе има можност да гледа една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки“ се вели во најавата за настанот.

Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности.

Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни