ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА АРХЕОЛОЗИТЕ: Со помош на ласери и радар конечно видоа што се крие под Алкатраз

Археолозите ги потврдија долгогодишните сомнежи на историчарите дека познатиот затвор Алкатраз бил изграден над воени утврдувања од времето на Американската граѓанска војна.

Локалните медиуми јавуваат дека истражувачите пронашле низа соби и тунели под дворот на Алкатраз, каде што некогаш бил затворен познатиот мафијаш Ал Капоне.

Археолозите користеле радарско и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии.

Пронајдени се целосно затрупани згради, складишта за муниција и тунели.

Историчарите веруваат дека работниците во 20 век го изградиле затворот над постоечките објекти.

Алкатраз првпат го привлече вниманието на американската влада кога САД ја зазедоа Калифорнија од Мексико во 1840-тите.

Неговата локација на заливот Сан Франциско го направи атрактивен за воени цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни