Новото истражување засновано на проучувањето на девет ѕвезди кои брзо се движат на рабовите на Млечниот Пат обезбедува силни докази за постоењето на супермасивна црна дупка во Големиот Магеланов Облак.
Големиот Магеланов облак е џуџеста галаксија во близина на нашиот Млечен Пат, видлива со голо око од јужната хемисфера како светлина, а новото истражување сега обезбеди доказ дека има црна дупка во нејзиниот центар, пренесува Ројтерс.
Црните дупки се екстремно густи објекти со гравитација толку силна што дури ни светлината не може да избега од неа. Повеќето галаксии имаат црна дупка во нивниот центар, но ова е прв пат да се докаже за нашата.
Оваа галаксија е именувана по португалскиот истражувач Фердинанд Магелан, кој ја забележал пред пет века.
Научниците истакнаа дека податоците за движењето на ѕвездите покажуваат дека тие биле исфрлени од Големиот Магеланов Облак по насилна блиска средба со црна дупка.
Големиот Магеланов облак е оддалечен околу 160.000 светлосни години од Земјата, што ја прави една од нашите најблиски галаксии. Ова исто така значи дека црната дупка во нејзиниот центар е најблиската супермасивна црна дупка до Млечниот Пат, освен онаа наречена Стрелец А*, која се наоѓа во срцето на нашата галаксија.
Исто како што Млечниот Пат е помасивен од Големиот Магеланов Облак, Стрелец А* е поголем од новооткриената црна дупка.
Во истражувањето, научниците користеа податоци од астрономската опсерваторија Гаја на Европската вселенска агенција (ESA), која досега со голема прецизност забележала повеќе од милијарда ѕвезди во нашата галаксија.