Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се затвора по 15 години: Корисниците се загрозени од безбедносни ризици

LG дефинитивно ја затвора својата мобилна дивизија со Android, а од 1 јули сите ажурирања на софтверот ќе престанат, отворајќи ја вратата за потенцијални безбедносни ризици

Еден од поранешните водечки производители на мобилни телефони со Android – LG, официјално се повлекува од пазарот на паметни телефони по 15 години работење. Ова е последна шанса за постојните корисници да ги ажурираат своите уреди, иако им се советува да размислат за купување нов телефон бидејќи наскоро може да се соочат со безбедносни закани.

Компанијата LG, која во еден момент беше трет најпродаван бренд на мобилни телефони во светот, го објави затворањето на својата мобилна дивизија во 2021 година поради лошата продажба. Сепак, продолжи да обезбедува надградби на софтверот за своите најнови модели. Поддршката за ажурирање на уредите сега трајно завршува во понеделник, 1 јули, означувајќи го крајот на мобилната ера на LG.

Последниот модел што го издаде LG беше LG Wing 5G, познат по својот необичен дизајн со два екрани, од кои едниот ротира. Од 30 јуни, ажурирањата на софтверот за Android за LG телефоните повеќе нема да бидат достапни, што значи дека хакерите би можеле да ги искористат ранливостите кои повеќе нема да бидат поправени.

Доколку некој сè уште сака да користи LG паметен телефон, се препорачува да ја инсталира најновата достапна надградба пред крајот на јуни.

„Сакаме да ја изразиме нашата искрена благодарност до сите корисници кои ги сакаа и поддржуваа мобилните производи на LG Electronics“, се вели во официјалното соопштение на компанијата.

„По истекот на рокот, повеќе нема да можете да ги користите услугите за надградба на софтверот. Доколку сакате да ги користите, препорачуваме да го ажурирате вашиот софтвер пред 30 јуни 2025 година. Исто така, бидејќи повеќе нема да нудиме ажурирања на апликациите, нема да можете повторно да ги преземате фабричките апликации што беа избришани по ресетирањето на уредот.“

Оваа одлука, исто така, го означува крајот на софтверот LG Bridge за компјутери, кој се користеше за ажурирање на мобилните уреди преку компјутер, објавува The Sun.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни