На финалето кое ќе се одржи на 26 октомври во Белград, ќе бидат избрани победниците од Балканот, кои потоа ќе го претставуваат својот регион на големото европско финале во Брисел.
Во хотел Москва во Белград ќе се одржи официјален натпревар каде финалистите од Балканот ќе се натпреваруваат пред меѓународно жири составено од професионалци од модата и медиумите.
Потоа следи големо модно дефиле со дизајнери од Македонија, Србија и Франција – уникатна комбинација на стилови и култури.
На сцената во Белград ќе блеснат 20 македонски манекени и манекенки, кои ќе се борат за првото место, а публиката ќе има можност да проследи модни ревии на три реномирани македонски дизајнерки: Shaleva, која е препознатлива по своите уникатни модели од високата мода и стилистика за познати личности, Ирина Тошева, со својот современ пристап и смели иновативни креации и Фросина Кулакова со постхумна ревија, преку која ќе биде претставена нејзината најнова колекција и ќе се оддаде почит на нејзиниот исклучителен талент, уникатност и визија.
Уметнички перформанси ќе ја збогатат целата атмосфера.
Организатор на настанот е креаторката Shaleva, лиценцирана претставничка на Top Model Europe Balkans.
Билетите се пуштени во продажба и можат да се најдат овде: https://topmodeleurope.net/shows/?fbclid=PAdGRleAM-BuJleHRuA2FlbQIxMQABp1Jn-bTk0Bv6kC1pznp0dPc3aVSztSniwxSMFnF-tycOPXnZuP8JgX6_Znig_aem_wTlcKOWeE7-La2oA7XMbpw
Aкредитации за медиуми и резервации на следниот линк: balkans@topmodeleurope.eu
.