Големо археолошко откритие во Помпеја: Пронајдено раскошно купатило со базен (ФОТО)

Овој комплекс, сличен на спа-центар и потенцијално најголем што некогаш бил пронајден таму, има топла, ладна и жешка соба, извонредни уметнички дела и огромен базен, пишува BBC.

Археолозите во древниот римски град Помпеја во Италија пронајдоа раскошно приватно купатило, кое 2.000 години било сочувано под вулкански камења и пепел.

Овој комплекс, сличен на спа-центар и потенцијално најголем што некогаш бил пронајден таму, има топла, ладна и жешка соба, извонредни уметнички дела и огромен базен, пишува BBC.

Тоа се наоѓа се во срцето на голема резиденција откриена во последните две години за време на големи ископувања.

„Ова е дел од „ефектот на Помпеја“ – скоро како да луѓето заминале пред еден момент“, рече директорот на Археолошкиот парк Помпеја, Габриел Зухтригел, кој ексклузивно го објави новото откритие за BBC News. Таму се пронајдени и два скелети – на жена во нејзините 50-ти кои држела накит и монети, и на еден тинејџер, кои се затекле таму кога градот бил целосно уништен во ерупцијата на вулканот Везув во 79. година од новата ера.

Третина од древниот град сè уште лежи скриена под вулканските остатоци, но новите ископувања, најобимни досега, даваат нов поглед на животот во стар Рим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни