Големиот корален гребен е во опасност поради високите температури

Фото: НАСА

Големиот корален гребен во Австралија, најголемиот на светот, е загрозен откако температурите на Коралното море кое го опкружува се зголемила во текот на минатата деценија и достигнала највисоко ниво во последните 400 години, се наведува во научна студија на група научниците од универзитетите во Австралија.

Тие утврдиле дека температурите на океаниот кои биле стабилни стотици години почнале да растат одо 1900 година наваму, како резултат на човечките активности. Во студијата се истакнува дека од 1960 до 2024 година, на секоја деценијата температурата на водата околу Големиот корален гребен растела за 0,12 степени.

Поради екстремновисоките температури делови од коралот стануваат бели.

Еден од коавторите на студијата, Бенџамин Хенли од Универзитетот во Мелбурн, вели дека температурата на водата околу Големиот корален гребен забележала највисок раст од јануари до март оваа година, предупредувајќи дека гребенот е сериозен загрозен.

Коралните гребени го штитат брегот од ерозија, дом се илјадници видови риби и се важен извор на приходи од туризмот во многу земји. Во најмалку 54 земји и региони е забележано масовно избелување на коралните гребени од февруари 2023 година, како резултат на загревањето на површинската вода на океаните, соопши управата на САД за океани и атмосфера, НОАА.

Големиот корален гребен во моментов не е на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО, иако Обединетите нации препорачуваат да се додаде.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни