Големи промени поради климатските промени: Океаните драстично ја менуваат бојата

Бојата на океаните значително се промени во последните 20 години, а глобалниот тренд е веројатно последица на климатските промени предизвикани од човекот, објавија научниците од МИТ- Технолошкиот универзитет во Масачусетс, Националниот центар за океанографија во Велика Британија и други.

Во студијата објавена во списанието „Нејчр“, тимот пишува дека забележале промени во бојата на океаните што не може да се објаснат со природни варијации. Овие промени на бојата, иако многу мали за човечкото око, се случиле во дури 56 отсто од океаните, што е површина поголема од површината на копното на нашата планета.

Истражувачите откриле дека тропските региони на океанот, оние најблиску до екваторот, со текот на времето станале позелени. Промената на бојата покажува дека екосистемот на површината на океанот веројатно се променил, бидејќи бојата на океанот е одраз на организмите и материјалите во неговите води.

Во моментов, истражувачите сe уште не можат да кажат како се менуваат екосистемите и како тоа води кон промена на бојата, но во едно се сигурни – дека климатските промени предизвикани од човекот се двигател на овие промени.

„Правев симулации кои со години ми навестуваа дека ќе се случат овие промени во бојата на океанот. Гледањето дека тоа се случува реално не е изненадување, но е застрашувачко. Овие промени се во согласност со климатските промени предизвикани од човекот“, рече Стефани Дуткијевиќ, коавтор на студијата и научник во Одделот за Земјата, атмосферските и планетарни науки на МИТ и Центарот за наука за глобални промени.

„Ова ни дава дополнителни докази за тоа како човечкото дејствување влијае на животот на Земјата. Тоа е само уште еден начин на кој луѓето ја менуваат биосферата“, изјави авторот на студијата Б.Б.Кел од Националниот океанографски центар во Саутемптон.

Бојата на океанот е производ на суштествата кои живеат во повисоките слоеви. Општо земено, во водите кои се длабоко сини има малку живот, додека позелените води укажуваат на примери на екосистеми, главно фитопланктони, кои имаат зелен пигмент.

Извор: telegraf.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни