Големи пожари кај Јосифово и Росоман

Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското село Јосифово. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место.

По барање на градоначалникот на Општина Валандово, итно беше активиран еден полициски хеликоптер.

Пожар избувнал и на територијата на Општина Росоман, но според информациите, тој во моментов е ставен под контрола.

Претходно, во во текот на денот сериозен пожар избувна и на депонијата во Визбегово кој поради наглото ширење кон околните куќи предизвика силна вознемиреност кај граѓаните. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни