Големи поплави ги погодија грчките острови Миконос и Парос

Грчките острови Парос и Миконос, популарни туристички дестинации во летната сезона, синоќа беа погодени од силни поплави, а според локалните власти, обилните врнежи од дожд се очекува да продолжат и денес.

Засега нема извештаи за жртви.

Превентивни мерки и на соседните острови

Градоначалникот на Парос, Костас Бизас, изјави дека надојдените води го излеале коритото на реката во рибарското село Науса, при што биле поплавени продавници и домови, а околу 40 возила биле однесени од водата. Агенцијата за цивилна заштита предупреди дека жителите на Парос и Миконос треба да останат во своите домови.

Се очекува обилните врнежи да се преместат кон островите Хиос, Самос и Икарија. Според метеоролошката служба, дождот, придружен со ветрови од 74 км/ч, претставува сериозна опасност и се предвидува да продолжи во текот на денот.

Како мерка на претпазливост, училиштата на островите Парос, Миконос, Родос, Кос, Калимнос, Сими и Тилос остануваат затворени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни