Голема трагедија во Турција: Расте бројот на жртви во тешка сообраќајна несреќа кај Анталија

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени во две одвоени сообраќајни несреќи што денес се случија во југозападна Турција, едната во близина на Анталија, каде што се преврте патнички автобус, и другата во провинцијата Бурдур, каде што директно се судрија два автомобила.

Автобус излетал од пат кај Анталија

Во тешката несреќа во турската провинција Анталија, патнички автобус излетал од патот и се превртел откако возачот не успеал да совлада кривина.
Според соопштението на локалните власти, загинале најмалку девет лица, а голем број патници се повредени.

Повредените се пренесени во неколку болници во регионот, меѓу кои и Градската болница во Анталија.

Министерот за правда на Турција, Јилмаз Тунч, соопшти дека е покрената истрага и дека се назначени еден заменик главен обвинител и двајца јавни обвинители, објави турскиот весник Huriyet.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, изјави дека во моментот на несреќата временските услови биле лоши, со дожд и магла, но нагласи дека станува збор за делница на која не е дозволена висока брзина.

🚗 Смртоносен судир во Бурдур

Истиот ден, на патот Анталија – Испарта, во провинцијата Бурдур, седум лица загинаа, а петмина се повредени во директен судир на два автомобила.

Според изјавата на гувернерот на Бурдур, повредените се хоспитализирани, а патот по завршувањето на увидот повторно е отворен за сообраќај.

Реакција од турските власти

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, изјави дека утринските несреќи во Анталија и Бурдур ја „длабоко ја потресле нацијата“, упатувајќи сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на повредените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни