Холандската авиокомпанија KLM воведе бесплатен Wi-Fi на половина од летовите во рамките на својата европска мрежа, што ја прави една од првите авиокомпании во Европа што ја нуди оваа услуга на патниците без дополнителни трошоци.
За време на летот, патниците можат да го користат интернетот за да испраќаат е-пошта, да пребаруваат онлајн содржини, да слушаат музика, да играат игри, како и да гледаат филмови и ТВ серии на своите уреди. Поврзувањето е можно по најавување или регистрација во програмата Flying Blue, бесплатна програма за чести патници на KLM. После тоа, на патниците им се обезбедува неограничен пристап до интернет во текот на целиот лет.
Бесплатниот WiFi постепено се воведува во авионите што сообраќаат на европските линии, а во наредниот период ќе биде достапен на сите авиони A321neo и Embraer 195-E2, како и на дел од флотата Boeing 737-800.
