Голема обнова: Охридскиот аеродром ќе се реконструира

Денеска стартува долгонајавуваната реконструкција на Аеродром Св. Апостол Павле во Охрид – прва ваква интервенција од неговото изградба до денес.

На почетокот на работите ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Од Министерството за транспорт велат дека реконструкцијата доаѓа по решавањето на долгогодишни административни пречки, вклучително и легализацијата на објектот. Очекувањата се дека со модернизацијата ќе се зголеми бројот на летови, како и интересот на авиокомпаниите и патниците за охридскиот аеродром.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни