Голема измама со билети за Лувр: Уапсени девет лица, музејот оштетен за 10 милиони евра

Француските власти уапсија девет лица осомничени за организирана измама со билети за Лувр, која траела една деценија. Музејот е оштетен за повеќе од 10 милиони евра

Француските власти уапсија девет лица во рамки на истрага за масовна измама поврзана со продажба и злоупотреба на билети за музејот Лувр во Париз, соопшти париското обвинителство.

Според обвинителството, се сомнева дека во текот на изминатата деценија музејот претрпел штета од повеќе од 10 милиони евра.

Меѓу осомничените и вработени во Лувр

Апсењата се спроведени во рамки на судска истрага отворена по пријава што Лувр ја поднел во декември 2024 година.

Меѓу уапсените има двајца вработени во музејот, неколку туристички водичи и лице кое се смета за организатор на мрежата.

Злоупотреба на билети и избегнување такси

Истрагата започнала откако управата на музејот забележала често присуство на двајца кинески туристички водичи за кои постоело сомневање дека доведуваат групи туристи користејќи исти билети повеќепати за различни посетители. Подоцна биле осомничени и други водичи за слични активности.

Според обвинителството, преку видео-надзор и прислушување на телефонски разговори било потврдено дека биле користени билети повеќекратно, како и дека туристичките групи намерно биле делени за да се избегне плаќањето на задолжителната „такса за говор“ што ја плаќаат водичите.

Истрагата укажува и на можни соучесници во Лувр, на кои наводно им биле исплаќани средства за да не ги проверуваат билетите.

Обвиненија за организиран криминал

Формалната судска истрага, отворена во јуни минатата година, опфаќа сомнежи за организирана измама, перење пари, корупција, помагање нелегален влез во земјата како дел од организирана група и употреба на фалсификувани административни документи.

Истражителите веруваат дека мрежата можеби организирала до 20 туристички групи дневно во текот на последните десет години.

Извор: Beta

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни