Голема ескалација: Израел ќе ја преземе целосната контрола врз Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на Нетанјаху за целосна воена окупација на градот Газа, што означува нова фаза во војната. Најавени се безбедносна контрола и нова цивилна управа.
epa12288934 The fence of Al-Shaab Mosque is adorned with paintings depicting late Hamas leaders Ismail Haniyeh (L) and Yahya Sinwar, in Sana'a, Yemen, 07 August 2025. Yemen's Houthis have threatened to target vessels belonging to 64 shipping companies in the waters around Yemen, in response to their ongoing business with Israeli ports, in a new escalation aimed at pressuring Israel to allow humanitarian aid into the Gaza Strip, according to the Houthis-run Saba news agency. EPA/YAHYA ARHAB

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за воено преземање на контролата врз градот Газа — чекор кој претставува значителна ескалација во тековниот конфликт. Одлуката беше донесена по состанок што траеше длабоко во ноќта, со заклучок дека за завршување на војната е потребна „целосна безбедносна контрола врз Појасот Газа“, пренесува Sky News.

Во интервју за Fox News, Нетанјаху потврди дека Израел има намера да ја преземе контролата врз цела Газа. „Имаме намера, заради нашата безбедност, да го елиминираме Хамас и да го ослободиме населението на Газа“, рече тој. Додаде дека Израел нема намера да го задржи територијот, туку да воспостави „безбедносен појас“ и власта да ѝ ја предаде на „арапски сили кои ќе управуваат со него правилно“.

Пет принципи за крај на војната

Од канцеларијата на израелскиот премиер соопштија дека Армијата на Израел (IDF) ќе се подготви за преземање на контролата врз градот Газа, со паралелна дистрибуција на хуманитарна помош надвор од зоните на конфликт. Кабинетот ги усвои следниве пет принципи за завршување на војната: Разоружување на Хамас, враќање на сите заложници, демилитаризација на Газа, израелска безбедносна контрола над територијата и вспоставување на нова цивилна власт која не е ниту Хамас, ниту Палестинската самоуправа.

Критики од семејства на заложници и од армијата

Планот наиде на остри критики, вклучително и од родителите на заложниците. Ејнав Зангаукер, мајка на заложникот Матан Зангаукер, обвини дека премиерот се откажал од преговорите за нивно ослободување. „Некој што зборува за сѐопфатен договор не оди да го освојува Појасот и да ги загрозува заложниците и војниците“, напиша таа на мрежата X.

Според израелски медиуми, и началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, предупредил дека окупацијата на Газа може дополнително да ги загрози заложниците и да го оптовари воениот капацитет.

Регионални и меѓународни реакции

Јордански претставник изјави дека Арапите ќе поддржат само она што ќе го одлучат Палестинците и дека не се согласуваат со политиката на Нетанјаху. Џина Аберкромби-Винстенли, поранешна претседателка на Советот за политика на Блискиот Исток, рече за Sky News дека „многу малку луѓе“ веруваат дека окупацијата е добра идеја. Таа додаде: „Ова само ќе ја влоши трагедијата и очајот на Палестинците во Газа.“

Нови жртви

Овие одлуки доаѓаат по вчерашните израелски воздушни напади и престрелки во јужна Газа, во кои, според локалните болници, загинаа најмалку 42 Палестинци.

Судирот започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши напад во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а беа киднапирани 251 лице. Се проценува дека Хамас сè уште држи околу 50 заложници. Според Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, досега се убиени повеќе од 61.000 Палестинци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни