Голема е веројатноста САД да го нападнат Иран

Во Вашингтон, претседателот Доналд Трамп претходно упатуваше закани за воени удари, кои ги врзуваше со настаните во Иран

Како „многу висока“се оценува веројатноста САД да го нападнат Иран, откако Вашингтон засилено распоредува воени капацитети на Блискиот Исток и најави повеќедневни вежби со цел да ја демонстрира способноста за брзо распоредување и одржување борбена воздушна моќ во регионот.

Сигналите за подготовка доаѓаат во момент кога тензиите меѓу двете држави се на највисоко ниво по серија закани, контразакани и нагло влошување на безбедносната слика во Персискиот Залив.Според проценки на експерти, сегашното засилување ѝ дава на американската администрација поширок избор на офанзивни опции, ако се донесе политичка одлука за воена акција.

Во пакетот на распоредување се вклучени носач на авиони со придружни бродови, дополнителна воздушна одбрана и борбени авиони, што ја зголемува оперативната флексибилност на САД, но и ризикот од погрешна проценка и ескалација на терен.

Во Вашингтон, претседателот Доналд Трамп претходно упатуваше закани за воени удари, кои ги врзуваше со настаните во Иран и со насилното задушување на антивладините протести, во кое, според наводи во меѓународната јавност, имало илјадници жртви. Иако во еден момент реториката беше ублажена, Трамп јавно не исклучи можност за напад, што во Техеран се чита како притисок и обид за принудување на отстапки со демонстрација на сила.

Клучниот симбол на сегашното засилување е носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој, заедно со придружни разорувачи, се упатува кон Блискиот Исток со повеќе од 5.000 војници. Паралелно, американската Централна команда соопшти дека во регионот се распоредени борбени авиони „Ф-15Е Страјк Игл“, додека Воздухопловните сили најавија повеќедневна активност што треба да ја демонстрира американската способност за „распоредување, дисперзирање и одржување“ воздушна моќ во поширокиот близуисточен простор.

Овој тип движења потсетува на претходни периоди на нагло префрлање ресурси, кога присуството на терен служеше и како одвраќање и како подготовка за конкретни операции. Во текстот се посочува дека минатата година, по слично засилување, Вашингтон извршил воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, што дополнително ја оптовари безбедносната динамика во регионот и ги зацврсти стравувањата дека спиралата на одмазда може лесно да се повтори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни