Голманот на Реал Мадрид, Тибал Куртоа, ќе биде надвор од терените околу шест недели поради повреда на десниот квадрицепс, што значи дека ќе ги пропушти четвртфиналните натпревари од UEFA Лигата на Шампиони против Баерн Минхенна 7 и 15 април.
Клубот соопшти дека станува збор за мускулна повреда на предниот дел од десниот квадрицепс.
Куртоа почувствувал непријатност за време на загревањето и бил заменет на полувремето од последниот натпревар од осминафиналето противМАнчестер Сити, кој заврши 2:1. Дијагнозата била потврдена во четвртокот.
Неговото отсуство значи дека ќе го пропушти и претстојниот лигашки дерби натпревар против Атлетико МАдрид овој викенд.
Ова е сериозен удар за Реал Мадрид, бидејќи Куртоа е во одлична форма и повеќепати го спасуваше тимот оваа сезона со клучни интервенции.
Погоден е и Белгискиот национален фудбалски тим, која ќе игра пријателски натпревари против САД и Мексико за време на следната репрезентативна пауза.