Голем снежен бран доаѓа овој викенд и ни носи многу снег!

Во Скопје и околината се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, можно е и повеќе, а на околните планини таа ќе биде значително повисока.
epa10361714 A woman pushes her child through a snow covered park in central London, Britain, 12 December 2022. Snow and fog is causing widespread travel chaos across Britain as the cold snap continues. Below zero temperatures are affecting millions of UK households as crippling energy prices hit the poor the hardest. EPA-EFE/ANDY RAIN

Снежниот бран во Македонија доаѓа веќе од овој викенд и ќе трае до почетокот на следната седмица. Станува збор за навлегување на голем влажен воздушен бран од југ и југозапад кон нашата територија, а во исто време од север ќе се спушта многу ладен воздух кој ќе услови големо заладување на времето и засилен ветер од северен правец.

Сето ова ќе биде проследено со пообилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег, па така насекаде во Македонија, вклучивајќи го и Скопскиот регион, како и котлината ќе се формира снежна покривка. На повеќе места ќе се формира позначителна снежна покривка со висина од над 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри (во градовите), додека на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу едно метро, пренесува Метео Аларм.

Во Скопје и околината се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, можно е и повеќе, а на околните планини таа ќе биде значително повисока.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде наутро ќе се спуштаат под нулата, а и дневните температури на многу места ќе се движат близу или околу нулата, локално и под нулата, а за неколку степени над нулата температурата ќе се движи во крајните југоисточни предели од Македонија. На повисоките населени места, како и на планините и секако на Скијачките центри, температурите постојано ќе бидат под нулата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни