Голем шумски пожар кај Желино – сомнежи за намерно подметнување

Голем шумски пожар избувна денеска околу 13:15 часот на падините кај селото Желино. На терен интервенираа екипи од противпожарните единици на Тетово и Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), армијата и хеликоптерска поддршка.

Од теренот се известува дека се пронајдени запалени автомобилски гуми, што отвора сомнеж за можно намерно подметнување на пожарот. Институциите веќе работат со обвинителството и полицијата на расветлување на случајот.

Иако населените места не се загрозени, пожарот се шири кон правецот на Еребино, каде се преземени мерки за заштита на касарната и околината. На терен се распоредени војници и пожарникари за спречување на натамошно ширење на огнот.

Поради пожарот, регионалниот пат Тетово–Скопје беше привремено блокиран, а гаснењето е отежнато поради непристапниот терен. Засега нема информации за човечки жртви или повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни