Голем пожар во Ѓорче Петров

Во текот на денот ова е втор голем пожар во Скопје, откако утрово се запали депонија кај Визбегово по што мораше да интервенира и Ер-трактор

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров.

Излезот и влезот во Скопје се прекриени со густ чад а ветрот носи и големи парчиња пепел откако пожар избувна кај гробиштата во населбата.

За сега нема информации што го има предизвикано пожарот, ниту колкава е материјалната штета.

Во текот на денот ова е втор голем пожар во Скопје, откако утрово се запали депонија кај Визбегово по што мораше да интервенира и Ер-трактор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни