Голем пожар во Тирана: Повикани пожарникари од други градови, вклучена и армијата

Во населбата „5 Мај“ во Тирана избувна пожар од големи размери. Поради лесно запаливи материјали, огнот тешко се става под контрола, а во гаснењето се вклучени пожарникари од повеќе градови и армијата. Засега нема информации за повредени.

Во Тирана избувна пожар од големи и застрашувачки размери, јавува албанската телевизија Top Channel.

Според нивните информации, пожарот избувнал во населбата „5 Мај“, а поради сериозноста на ситуацијата, кон главниот град веднаш биле упатени пожарникарски екипи од Драч, додека дополнителна помош е побарана и од Елбасан и Вора. Во гаснењето на огнот е вклучена и албанската армија.

Новинарка на Top Channel известува дека пожарот тешко се става под контрола поради големата количина текстилни материјали, кои лесно се палат и придонесуваат за брзо ширење на огнот.

Во меѓувреме, на местото на настанот се ангажирани сите расположливи пожарникарски сили, вклучително и екипите кои претходно биле распоредени во Драч поради поплавите.

Засега нема информации за повредени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни