Голем пожар на Кипар – најмалку двајца загинати

Во пожарот повредени се и десеттина луѓе, а огнената стихија, според информациите од кипарските власти зафатила површина од 100 квадратни километри

Најмалку две лица загинаа во голем шумски пожар што вчера попладне избувна во јужните делови на Кипар.

Телата биле пронајдени од локалната полиција во изгорен автомобил на главниот пат што ги поврзува селата погодени од пожарот.

Полицијата првично објави доцна во среда дека персоналот на Цивилната одбрана пронашол јагленисано тело на едно лице во возилото на главниот пат што ги поврзува селата погодени од пожарот на ридовите. Но, второ тело беше откриено денес рано наутро и полицијата соопшти дека напорите за идентификација се во тек.

Во пожарот повредени се и десеттина луѓе, а огнената стихија, според информациите од кипарските власти зафатила површина од 100 квадратни километри.

Дополнително, евакуирани се 14 села на јужната страна од планинскиот венец Троодос.

Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија за справување со огнените стихии, а на повикот се одѕва Шпанија, која се очекува да испрати два авиона во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни