Голем настан на Школка по повод Меѓународниот ден на младите

Меѓународниот ден на младите секоја година се одбележува на 12ти август, но од Младинскиот образовен форум веруваат дека секој ден е и треба да биде Ден на младите.

Затоа, ним им  претставува чест и задоволство да го најават месецот на младите со серија активности.

Во периодот што следува, ќе го одбележат и прослават младинското учество, младинскиот активизам, еднаквоста и инклузијата преку споделување успешни приказни на млади активисти и креатори на промени, 5 локални настани и инспиративни видео подкасти. Дополнително, ќе се зборува за потребите на младите и секако, ќе организираат голем настан по повод Денот на младите! 

Датум: 11 август 2023г.
Време: 19:00 – 00:00 часот
Локација: Школка Градски Парк Скопје

„На настанот очекувајте изобилство на инспиративни говори, интерактивни активности и можности за градење на нови пријателства и вмрежување и уште многу изненадувања. Преку овој настан, сакаме да ја поддржиме вашата креативност, знаења и идеи за подобрување на светот. Ние силно веруваме дека вие младите сте двигатели на позитивни промени и дека сте способни да ги промените стравот во смелост, сомнежот во доверба и невозможното во реалност“, објаснуваат од МОФ.

Оваа активност се спроведува во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding што го спроведува UNFPA North Macedonia во партнерство со UN_MK и UNDP MK.

Најново

Последни колумни