Голем музички спектакл во сабота во Паркот на франкофонија

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со македонската музичарка Кристина Арнаудова ги повикуваат сите граѓани на Скопје на третото издание на настанот „Нешто што ќе остане“, кое ќе се одржи во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот, во Паркот на франкофонија.

На големиот музички спектакл ќе настапат врвни македонски артисти како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.

Кристина Арнаудова потенцира дека ова е одлична можност за сите љубители на музиката да уживаат и да пеат заедно најголемите хитови. Градоначалникот Герасимовски истакнува дека настанот „Нешто што ќе остане“ прераснува во традиција која ја поддржува македонската музичка сцена.

Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни