Музичката група Баклава ќе одржи концерт на 26 јули во организација на Културно Информативниот Центар, Скопје по повод 60 години од скопскиот земјотрес.
Етногрупата Баклава досега има 4 различни изданија, претежно авторски песни, мешавина од повеќе јазици и стилови. Додека нивниот прв албум е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, создаден од композиции од членовите. На третиот албум „Многу ми недостигаш“ ќе сведочите на мелодијата од различни народи, култури и религии. „Четворката“ е последниот албум кој излезе на винил и буквално е дефиниција за светска музика. Петтиот албум се подготвува за оваа година. По многу настани и спотови, свој документарен филм, имаат и неколку песни и во филмовите „Трето полувреме“ и „Златна петорка“.
Баклава е основана 2004 година и како четворка. Именувањето на Баклава не беше земено како синоним на турскиот благ специјалитет, туку како синоним за ромб, совршена геометриска форма или пак боја на картите. Во исто време баклавата е симбол на македонската традиција, претставувајќи еднаквост на културните разлики во уметноста и четирите страни на светот.
Дел од Баклава се: Елена Хрисова – вокал, укулеле; Сибо- перкусии; Тимко Чичаковски – канун; Петар Христов – саксофон и кларинет и Владимир Стојчевски – бас.
Баклава ја посетија Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Италија, Словенија, Србија и ќе продолжат да истражуваат нови светови и да ја промовираат македонската музика и култура.