Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, вакцинирани 22.000 граѓани

Процесот на вакцинација против сезонски грип се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје
Фото: Asian Development Bank/Flickr

Министерството за здравство информираше дека од почетокот на вакцинацијата, па до денес против сезонски грип се вакцинирани над 22.000 граѓани, од вкупно пријавени 70.000 граѓани.

Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар, додавајќи дека интересот за вакцина против сезонски грип постојано расте.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, информира МЗ.

Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата продолжуваат со теренска вакцинација и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни