Пукната цевка со профил Ф600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе скопски населби.
Голем дефект на водоводна цевка во населбата Влае вечерва го остави без вода значителен дел од Скопје. Без вода се делови од општините Ѓорче Петров, Хром, Влае, Карпош, Козле, Центар, како и поединечни делови од Аеродром, Кисела Вода и Лисиче.
Жителите на Ѓорче Петров и порано се соочувале со проблеми во притисокот и стабилноста на водоводната мрежа, но овој прекин дополнително ја влоши состојбата.
Од ЈП „Водовод и канализација“ потврдија дека дефектот се наоѓа на улицата „Франце Прешерн“ бр. 100Д, каде е пукната водоводна цевка со профил од Ф600 милиметри.