Според него загадениот зводух убива по околу 2800 жители годишно во земјава. Според Паолучи постигнат е напредок од 1990тите, но загаденоста на воздухот е се уште висока, особено во зимските месеци.
Даме Димитриовски, професор на Машинскиот факултет од Скопје истакна дека Планската програма за почист воздух 2024-2030 која беше промовирана на 16 декември е направена врз база на долгорочни истражувања и најави строги инспекциски контроли на индустриските капацитети.
„Емисиите ќе бидат јавни и сите ќе бидеме сигурни дека тоа што се емитува е сигурно на европски ранг. Како што во 1963 формиравме силни научни институции, кога имавме проблем со земјотресот, сега сакаме да ги поддржиме научните институции да се бават со истражување за чистење на воздухот или за не загадување на воздухот и таква програма сме предвиделе“, додаде Димитровски.