ХЕРА: 2024 година на раст, видливост и проширено влијание

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, го одржа своето Годишно собраниe, каде членовите на Собранието ги усвоија програмскиот и финансискиот извештај за 2024 година и избраа нови членови.

Како свои клучни достигнувања, од ХЕРА ги истакнуваат:

  • Отворен првиот Центар за момчиња и мажи во државата – простор за психосоцијална поддршка и работа со момчиња и мажи во криза, кој доби национално внимание;
  • Поддржани 245 Ромки на терен, од кои 25 се вработени преку активни мерки – резултат на интегриран пристап кон економско јакнење;
  • Вкупно 5.263 граѓани ги користеле нашите социјалните и здравствените  услуги
  • Вкупно 145 наставници, лекари и други професионалци од социјалните служби обучени за нудење на услуги и едукации;
  • 700 млади ги проследија форум театрите  и танцовиот преформанс „Простор за разговор“ во 10 градови низ државата;
  • 224 млади беа опфатени со едукации за сеопфатно сексуално образование
  • Над 700.000 илјади лица опфатени преку кампањите на социјалните медиуми и традиционални медиуми (Кампања во ист ритам, Подкасти Тивка врева, Секси маало и Пинк Хроника и други кампањи);
  • Промовирана страна за родители www.roditelska.mk
  • Развиена и тестирана алатка РЕСИ за родова и социјална анализа на јавни политики – веќе пилотирана во здравство, образование и социјална заштита, со институционална поддршка.

Особено значајна одлука, велат од ХЕРА е воведувањето на Почесен одбор на ХЕРА – ново советодавно тело составено од истакнати поединци кои ќе придонесуваат со стратешка поддршка, јавна застапеност и афирмација на мисијата на ХЕРА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни