Годишни награди на ДПМ за 2023: наслови во полуфиналниот круг

За годишните награди на ДПМ за минатата, 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловодникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до УО на ДПМ доставува бодовник, при што се поддржуваат пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор го пресметува збирот на бодови.

Награда „Стале Попов“

За наградата на ДПМ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:

  • „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски (издание на „Полица“)
  • „Мина“, роман од Игор Анѓелков (издание на „Или-или“)
  • „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски (издание на „Дијалог“)
  • „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски (издание на „Матица“)
  • „Заборав“, роман од Томислав Османли (издание на „ВиГ Зеница“)
  • „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска (издание на „Или-или“)
  • „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ (издание на „Или-или“)

Награда „Ацо Шопов“

За наградата на ДПМ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:

  • „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)
  • „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)
  • „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)
  • „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)
  • „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)
  • „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“)

Награда „Ванчо Николески“

За наградата на ДПМ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален круг, а во него влегуваат следниве три наслови:

  • „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
  • „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)
  • „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“)

Награда „Димитар Митрев“

За наградата на ДПМ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:

  • „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)
  • „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (издание на „Полица“)
  • „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)
  • „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)
  • „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет)

Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди треба да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите.

Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Р. С. Македонија, рокот за достава на кандидатури е продолжен до 1 септември (недела).

Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година е планирано за 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.

Најново

Последни колумни