Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ го најавува затворањето на сезоната со Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“.
Концертот ќе се одржи на 20.12.2025 (сабота) во Националната Опера и Балет со почеток во 19:30 часот.

„Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона. Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат: Мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни. Раскош на народни носии од сите краишта на Македонија. Кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз. Врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот. Не ја пропуштајте оваа свечена можност да бидете дел од традиционалниот празник на народната уметност, што е идентитетскиот код на Македонија“ велат организаторите.
Билетите се пуштени во продажба преку сервисот kupikarta.com
