„Години на опасно живеење“: вечер што ја спојува уметноста, телото и градот

Уметност, музика и отпор обединети во урбана вечер на независната сцена во Скопје.

Овој викенд, Интеркултурен хаб Скопје ја отвора мултимедијалната програма „Години на опасно живеење“ — вечер што го поврзува перформансот, филмот, видеото, графичкиот дизајн и електронската музика во едно единствено урбано доживување. Настан кој го чита пулсот на градот, неговите стравови, неговиот бунт и неговата нежност.

Шестмина млади автори и авторки — критички настроени, движејќи се меѓу ранливост и отпор — ја претставуваат независната уметничка сцена што последниве години станува еден од најсилните културни простори во Скопје.

Во „Вештини за оживување“ на Крсто Глигорјадис, телото станува место на истрајност, ранливост и колективна грижа. Перформансот го руши патријархалниот наратив за сила и го претвора во простор на исцелување — таму каде заедницата станува можност да се почувствува сè.

Видео-исповед на современиот немир — „ТАА“ на Ана В’чкова е кратката видео-форма ја отвора интимната борба со хаосот што го носиме во себе. Делото нежно прашува: дали мора да се прочистиме, или токму нашите „нечистотии“ се доказ за човечност?

Батухан Ибрахим и неговата „Мавера“ е кратот филм, инспириран од вистински настани, ја опишува клаустрофобијата на системот. Со црно-бела естетика и обезличени ликови, приказната го следи отпорот на една жена што се бори со административната неправда — станувајќи симбол за многу други.

„Без насока“ на Теано Кардула е проекцијата на постери и графички дизајни е визуелен дневник на едно време полно со промени. Различните естетики зборуваат за идентитет, бес, љубопитност и потребата од јазик што ќе го пренесе она што зборовите често не можат.

Музиката како заедница — сетови на Соња Исмаил и Џоџо спојува од енергични електронски линии до урбани мелодии со хип-хоп, диско и хаус — двата сета го претвораат просторот во заеднички пулс. Музика што обединува и гради телесно и емоционално присуство.

Вечер посветена на независната сцена

„Години на опасно живеење“ им дава простор на феминистичките, ЛГБТИ+ и независните културни практики што создаваат плурализам, различност и критичка мисла во градот. Тоа е покана за гледање, слушање, чувствување и учење едни за други — во град кој сè повеќе ја бара својата нова културна траекторија. Настанот е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на КСП Центар – Јадро, во партнерство со Есперанца Светски културен центар и Институтот за медиуми и аналитика – ИМА, поддржан од програмата „Ваха 3“, иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и Европската културна фондација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни