Годинава Арктикот го имаше најтоплото лето откако се прават мерењата

Извештајот на американската државна агенција за климатизација NOAA покажа дека Арктикот го доживеа најтоплото лето оваа година, воопшто некогаш забележано.

Регионот околу Северниот Пол имаше највисоки летни температури, објавија научниците на NOAA во својот годишен извештај, предупредувајќи дека тоа е знак за „забрзување на климатските промени“.

Највисоката точка на ледената покривка на Гренланд се топи пет пати побрзо отколку во последните 34 години од собирањето податоци, а површината на мразот продолжи да се намалува.

Гледано на ниво на целата година, 2023 година беше шестата најтопла година откако се прават мерењата, пишува агенцијата ДПА.

Истражувањето, објавено во оваа форма по 18-ти пат, го подготвија 82 научници од 13 земји.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни