Дигиталната трансформација не е само минлив тренд, тоа е суштинска стратегија за компаниите кои сакаат да напредуваат во 21 век. Како што технологијата продолжува да се развива, бизнисите мора да ги прифатат најновите дигитални трендови. Дигиталната трансформација е од суштинско значење за бизнисите кои сакаат да останат конкурентни во денешното опкружување со брзо темпо. Преку прифаќање на клучните дигитални трендови и користење стручни насоки, компаниите можат да отклучат нови можности за раст и иновации. За процесот на трансформација и можностите кои ги нуду GoDigital, разговаравме со професор Бојан Јовановски, експерт за дигитална трансформација.
Трн: Зошто е важна GoDigital програмата и за кого е наменета?
Бојан: GoDigital програмата е намената за сите претпријатија од сите индустрии во државата. Go Digital е центар кој што е формиран за да ја поттикне дигиталната трансформација во претпријатијата. Тоа е можеби единствениот центар моментално во државава, кој што 100% е фокусиран за дигитална трансформација.
Трн: Кои се главните придобивки од дигитализацијата за малите и средни претпријатија за овие индивидуални бизниси, а кои за индустријата и економијата?
Бојан: Со помош на дигиталната трансформација, која што веќе е неизбежна, не само на светско ниво, туку и кај нас, сите фирми треба да станат по продуктивни во своите процеси. Би требало да се намалат грешките кои што се случуваат од луѓето, да поттикнат нови идеи за нови процеси, нови производи или нови услуги кои што може да ги понудат претпријатијата и со тоа да бидат покомпетентни на пазарот. Покрај малите бизниси, од целата оваа приказна, голем придонес треба да добие и самата индустрија, економијата, а и самата држава, бидејќи ќе добијат по конкурентни претпријатија, кои што можат не само да се натпреваруваат на регионално ниво, туку и на светско ниво, со цел да бидат дел од снабдувачките синџири на многу поголеми светски претпријатија.
Трн: Која е главната неискористена предност на македонската економија во однос на регионот и на глобално ниво?
Бојан: Македонија е сепак мала држава, со многу мала економија. Ние, за жал, многу работиме за да бидеме успешни и многу се трудиме за тоа. Во моментов, сепак, малите трошоци, а високо квалитетна работна сила, се некои предности кои што ги имаме како држава, но не мора да значи дека тоа ќе остане така во подлог временски период, затоа што пазарот станува се поглобален. Сепак, флексибилноста на малите претпријатие и IT потенцијалот кој што ги имаме, се едни од поважните работи со кои што можеме да се пофалиме. Тука би ја истакнал и улогата на GoDigital и консултантите кои што работат таму и кои треба да го согледаат потенцијалот на малите и средни претпријатија во државава, да видат кои се трендовите кои што се случуваат на светско ниво и да можат да им помогнат на претпријатијата да се доближат до тие трендови за да бидат поинтересни и поконкурентни на светскиот пазар.
Трн: Што носи работата со консултантите во склоп на GoDigital?
Бојан: Работата со консултантите на GoDigital отвара нови врати за самите претпријатија. Таа група на консултанти кои што сме во GoDigital е една навистина интересна група која што има најразлични експертизи и вештини и кои што мислам дека можат да ги покријат, можеби, сите предизвици кои што ќе дојдат пред нас. Покрај пристапот до тие консултанти и тоа нивно знаење, ние исто така имаме наша мрежа на пријатели, на експерти, на системи интегратори кои можат да ни помогнат во имплементирањето на одредени решенија во претпријатијата. Да не ја заборавиме тука и поддршката од Македонија 2025, Виза, КИКС и ИМЕ програмата, кои што се еден вид и основачи на GoDigital. Поради поддршката која се има, GoDigital е исто така еден од интересните центри кои што и даваат и финансиска поддршка во вид на грантови од 6 до 10.000 евра на малите и средни претпријатие кои што сакаат да го започнат патот за дигитална трансформација. Значи, тука зборуваме за менторска помош, зборуваме за крирање стратегија за дигитална трансформација или пак и имплементирање на некој вид на решение со цел да се да помогне дигиталната трансформација во претпријатието.