Гоце САФ: Винил културата е важна работа за нас

Многу млади има што купуваат плочи, што нас ни е драго, така што мислам дека сме добри.

Скопската урбана легенда Гоце САФ, пионер на македонската хип-хоп и андерграунд сцена, на неодамнешната Скопје Винил Конвенција, меѓу љубителите на аналогниот звук и колекционерите, зборуваше за значењето на винилот и неговата улога која за многумина не е само само носталгија – туку чин на музичко културно архивирање.

„Винил културата е за нас барем битна работа за зачувување на некои музички вредности. Многу млади има што купуваат плочи, што нас ни е драго, така што мислам дека сме добри“, изјави Гоце, истакнувајќи ја не само неговата лична поврзаност со овој формат, туку и фактот дека новите генерации сè повеќе покажуваат интерес за аналогниот звук.

„Сафизам“ претставува култен албум не само поради својот звук и содржина, туку и поради тоа што ја отсликува енергијата на една епоха кога македонската урбана музика бараше свој израз надвор од комерцијалните канали. „Мирко Попов да го споменеме, ПМГ имаат многу изданија. И Тошо Филиповски се потруди многу, и книги напиша…“ – додаде Гоце, потсетувајќи на цела генерација музички ентузијасти, продуценти и хроничари кои придонесоа да се зачува и документира оваа историја.

Изјавата само го потврдува значењето на настанот за локалната музичка култура – не како ретро тренд, туку како свесен обид да се архивираат, валоризираат и пренесат понатаму вредностите на една автентична сцена. Винилот денес не е само медиум, туку симбол на отпор кон заборавот и дигиталната површност. А „Сафизам“, сега и на плоча, станува не само музичко дело, туку и објект со историска тежина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни