Мајката Британи Скај Молој споделува слатки приказни и несреќи од нејзиниот живот на Инстаграм. Таа неодамна објави преслатко видео од нејзиниот син и домашно милениче. Момчето си го возеше тракторот во дворот, а го превезуваше најслаткиот „товар“.
Видеото е прегледано повеќе од милион пати откако е објавено, а преслаткиот момент помеѓу момчето и неговото куче им го разубави денот на корисниците на Инстаграм и ги насмеа.
„Ова е неверојатно слатко, како да гледам цртан филм“, „Најдобри пријатели од детството“, „Ова видео ќе биде прекрасен спомен за едно момче еден ден“, „Како да се во реклама!“, Очигледно не им е прв начин на кој вака возат, само погледнете колку е возбуден дакелот“, „Има ли послатко видео од ова?“, се дел од коментарите.