Го сакате лососот, но ви е прескап? Две риби се поздрави и двојно поевтини

Инчун и срдела имаат дури и повеќе омега-3 масни киселини од лососот

Цената на лососот во последните години постојано расте. Станува збор за една од најчесто консумираните риби во многу земји а цените во ЕУ се движат од 15 до 27 евра по килограм, зависно од видот и местото на купување.

Сепак, лососот има многу слични својства како и други риби кои денес не се толку „во мода“, иако се нутритивно исклучително вредни. Лесен е за подготовка и е омилен кај многумина, особено кај помладата популација.

„Лососот е сина, односно мрсна риба, позната по високиот процент на омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здравјето, особено за развојот на мозочните функции,“ вели експертот за прехранбена технологија Марио Санчез, пренесува Marca.

Инчун и срдела имаат дури и повеќе омега-3 масни киселини од лососот

Постојат и други риби кои се помалку популарни, но имаат многу слични својства како лососот – и тоа по значително пониска цена. „Инчуни и сардела се риби од крајбрежен улов, што значи дека се ловат блиску до брегот, а не на отворено море. Нутритивно се многу слични на лососот, бидејќи содржат омега-3 масни киселини – понекогаш дури и во поголема количина,“ објаснува Санчез. Кај лососот, овие вредности достигнуваат околу 2,2 грама омега-3 на 100 грама.

Скушата и локардата исто така имаат слични својства, но токму кај нив се гледа големата разлика во цената. Инчуните и срделата во просек се двојно поевтини од лососот, а главната причина лежи во начинот на улов и потеклото на рибата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни